Почина познатиот италијански режисер Бернардо Бертолучи

236

Италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи почина на 77 годишна возраст.

Бертолучи е познат по филмовите „Конформиста“(1970), „Последното танго во Париз“(1972), „Дваести век“(1976), „Последниот кинески цар“(1987), „Малиот Буда“(1993), „Украдена убавина“(1996) и „Сонувачи“(2003).

Италијанскиот режисер во 1987 година доби девет Оскари за остварување во филмот „Последниот кинески цар“.

Тој е еден од најголемите италијански автори на својата генерација, а успеа да се оствари во Европа и во Холивуд, а добитник е на почесната награда на Канскиот фестивал во 2011 година.

Флавија Скијави, публицист на режисерот, рече дека Бертолучи починал утрово во седум часот.

Бертолучи, роден во Парма, на северот на земјата, беше болен и почина во својот дом во Рим, се наведува во извештаите.