Почина писателката Исидора Бјелица

630

Писателката и тв водителка Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52 години, потврди издавачката куќа „Лагуна“.

Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967 година, каде и завршила средно училиште, по што дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград и магистрирала.

Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со кого имаше две деца, Лав Григорије и Вила Евангелина Пајкиќ.

Како автор на ТВ, работеше на повеќе проекти, од кои „Клот-фркет“ на телевизијата БК и телевизијата БН и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Таа е автор на повеќе од 40 книги посветени на различни генерации.