Полската архитектура како алатка за формирање на националниот идентитет

203

Вечерва во 20 часот во Музејот на градот Скопје ќе биде отворена изложбата „Вечност и миг. 1918-1939 – Архитектурата како алатка за формирање на полскиот национален идентитет“, инспирирана од говор на истакнатиот полски архитект Лех Њемојевски (1894-1952), кој бил пропагатор на модерноста, но истовремено и прониклив истражувач на историјата на старата полска архитектура.
Изложбата се организира од Амбасадата на Република Полска во Скопје, како дел од одбележувањето на 100-годишнината од возобновувањето на независноста на Полска. За време на свеченото отворање на изложбата ќе биде врачена архитектонската награда „Тигрите“ за најдобар магистерски труд на
Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која од 2017 година ја доделува редакцијата на полскиот месечник „Архитектура-муратор“. Добитничка годинава е Ружица Минова. Наградата се доделува во чест на тројцата полски архитекти: Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки, кои се познати под името Тигрите и се проектанти на објектот на Музејот на современата уметност во Скопје (1966).