Познатиот археолог Захи Хавас го посети Стоби

661

Светски познатиот археолог Захи Хавас попладнево ги посети археолошкиот локалитет Стоби и неготинскиот музеј, во рамки на неговата посета на регионот, по повод празнувањето на 24 јуни, Денот на балканските Египќани.

Бил министер за антиквитети во Египет во 2011 година. Тој е амбасадор на културата на Обединетите нации. Неговиот лик и дело биле инспирација при пишувањето на сценариото за филмскиот лик Индијана Џонс, на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг.

Гостинот рече дека е импресиониран од тоа што го видел во текот на целиот ден во Македонија.

– Се видов со младите луѓе кои истражуваат во археолошкиот локалитет Стоби, направиле одлична работа. Импресиониран сум од истражувањата и прекрасните наоди – нагласи тој.

Како археолог, додаде, многу добро го разбира и цени сето тоа што го видел како истражување во Македонија.