Познатата виолинистка Ванеса Меј ќе го отвори Охридско лето

133

Виолинистката Ванеса Меј на 12 јули ќе го отвори 59-то издание на Охридско лето во Античкиот театар. На настапот ќе ја придружуваат солисти од Македонската опера и балет и Оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Иван Кожухаров од Бугарија.

Драмската програма на фестивалот ќе биде посветена на Горан Стефановски. Исто така, во главната улога на претставата „Иванов“ на Народниот театар од Белград, ќе го видиме и Никола Ристановски.