Поетско читање „Јазикот е нашата татковина“ во чест на Блаже Конески

178

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) организира поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески.

Авторите во петок со почеток од 19 часот ќе читаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна.

На настанот насловен „Јазикот е нашата татковина“ ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Mодерaтор на настанот ќе биде Александра Јуруковска.