Поетско читање пред библиотеката „Браќа Миладиновци“

119

Поетско читање на новата генерација современи македонски поети ќе се одржи во рамки на годинешната манифестација „Бела ноќ“.
Читањето ќе биде утре (26 септември) на платото пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот.
Своите стихови ќе ги прочитаат Снежана Стојчевска, Славица П. Диневска, Љубица Шопова, Долорес Атанасова – Лори, Биљана Стојановска, Митко Апостолов, Катерина Гогова, Иле Наумов, Слаѓана Бојанова и Лазар Попов.