Поезија од Стефан Марковски објавена во американското списание „Харбингер Асајлан“

137

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието „Харбингер Асајлам“, кое излегува четири пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на „Трансендент Зиро Прес“.

Прилогот со застапените песни е насловен „По трагата на белиот грифон“ и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа Антолог и македонско-англискиот избор Ветена земја / Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.