„Поезија на пат“ денеска ќе се одржи во Прилеп

18

Во Центарот за култура вечерва ќе биде претставена и поезијата на Адам Загајевски

Под наслов „Поезија на пат“ вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетска вечер на која своја поезија ќе читаат дел од годинашните учесници на 57-те „Струшки вечери на поезија“ Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп од Данска, Козмин Перта од Романија и Хусеин Хабаш од Курдистан.

Поетите гости ќе ја претстават својата поезија на мајчиниот јазик, која потоа ќе биде и прочитана и на македонски. На поетската вечер ќе биде претставена и поезијата на годинашниот добитник на годинашната награда „Златен венец“, поетот Адам Загајевски. Целта на манифестацијата „Поезија на пат“ е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети.