Повик до граѓаните за „Тајните филмски архиви на градот“

67

„Вардар филм“ – Скопје започнува со реализација на вториот проект „Тајните филмски архиви на градот“ со поддршка на градот Скопје. Проектот се состои од прибирање 8-милиметарски ленти, преку јавен повик до граѓаните што во своите домови сѐ уште чуваат вакви материјали. На овој начин, ќе ги зачуваат своите спомени и ќе бидат дел од втората приказна на „Тајните архиви“.

– Мора да истакнеме дека филмската лента има свој век на траење и единствен начин да се зачуваат материјалите би бил преку нивна дигитализација. По процесот на дигитализација, се преминува кон монтажа на краток документарец за Скопје. Целта ни е да собереме материјали на кои можеме да ги видиме Старата чаршија, Калето, „Кермес“, Дебар Маало. Граѓаните што имаат 8-милиметарски ленти, можат да ги достават во „Вардар филм“.