Писателката Сала Симука доаѓа во Македонија

1052

Современата финска писателка Сала Симука, авторка на бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“ го потврди своето доаѓање во Македонија, а љубителите на книгата ги поздрави со посебно видео обраќање на социјалните мрежи.

Нејзините три романи во издание на „Бата прес“ се објавени на македонски јазик, а на 8 мај ќе бидат промовирани во официјалната програма на Скопскиот саем на книгата. Тој ден на штандот на издавачот во ВИП арената, Сала Симука ќе се сретне со посетителите и на читателите ќе им ги потпишува и посветува своите дела.

Сала Симука (1981) е авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на универзитетот во Турк. Делата и авторката станаа книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро во Холивуд се очекува според сценарио од овие светски бестселери да биде снимен и игран филм. Делата на Симука се преведени во 52 држави во светот.