Пет награди за Театарот за деца и младинци во Подгорица

38

Претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци освои пет награди на 7-ot Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица.

Како што соопшти ТДМ, „Тоби“ освои: гран при за најдобра претстава; награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ; награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска; награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац и награда за најдобра претстава од Детското жири на фестивалот.
Следно гостување на претставата „Тоби“ ќе биде на фестивалот во Суботица.