Петра Јовановска изложува во Чешка

81

Македонската ликовна уметница Петра Јовановска ќе учествува на меѓународната изложба „Корени и крила“, која на 25 мај, во 15 часот, ќе биде отворена во галеријата „Вокно“ во Осврачин, Чешка кога ќе настапи и групата „Јунајтед Хедс“. Кураторка е Хечена Фенцлова, а со свои дела освен Јовановска се презентираат уште пет автори од Чешка, Австрија, Данска и од Франција: Карел Стаинер, Она Б., Јан Тихи, Вики Степто и Абе Либански.

Селектираните уметници ќе презентираат дела што произлегуваат од нивните животни искуства, чувства и ставови стекнати од живеењето надвор од земјите каде што се родени и каде што израснале.

Петра Јовановска ќе се претстави со дваесетина дела изработени во комбинирана техника. Таа дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и досега реализирала 41 самостојна изложба.