Петра Јовановска изложува во Париз

43

Уметницата Петра Јовановска презентира свои дела во изложбената сала на македонската амбасада во Париз, на изложба насловена „Во границите на мојот круг“. На неа оваа авторка од земјава, која подолг период го истражува кругот, се навраќа, се сретнува или, пак, патува низ него. Овој пат таа презентира и новосоздадени ликовни дела изработени во комбинирана техника на платно, на картон и на хартија.