Перформанс на Масин и Мустафаоглу на „Школка“

140

„Мардам“ е насловот на мултиуметничкиот перформанс што утревечер на „Школка“, во Градскиот парк, со почеток во 19 часот, заеднички ќе го изведат пијанистот Арда Мустафаоглу, придружуван од квартетот „Стренгт“, и ликовниот уметник Мирослав Масин. Публиката ќе може да слуша музика од Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил С, но и да види како во исто време се создаваат и ликовни дела.

„Мардам“ на фесјбук-страниците на младиот и сѐ почесто споменуван пијанист и на познатиот сликар е најавен како скромен обид скопскиот градски парк да прерасне во место каде што класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе им бидат достапни на посетителите.