„Пауна“ на Мирјанка Селчанец во ресенскиот Сарај

65

Во ресенскиот Сарај, во рамките на меѓународниот фестивал „Актерот на Европа“, утревечер во 21.45 часот, ќе биде изведена монодрамата „Пауна“ на писателката од Прилеп Мирјанка Селчанец. Пауна ќе ја игра младата актерка Сара Марковска, а режисери на претставата се Даринка Велкова Веслиевска и Сотир Чаушевски.

– Истата монодрама, во 2000 година во рамките на „Монодрамската недела на Мирјанка Селчанец“ во Скопје, ја изведе Снежана Стамеска на сцената на Драмски театар, а истовремено во „Салонот 19.19“ во КИЦ се изведуваа мои други шест монодрамски дела од актерите: Мите Грозданов, Викторија Анѓушева, Душица Стојановска, Ацо Видиков-Лавот и Лилјана Стоилковска, актерка-аматер – вели Селчанец.

Писателката во својата плодна творечка дејност има напишано 20 романи, четири стихозбирки, шест книги за деца, три монодрами и многу поеми и раскази. М.Т.