Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација во Лисабон

78

Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 14-ти до 17-ти овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во Лисабон, Португалија.

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, во рамки на посетата ќе остварат средба со претседателот на ЕФА, Јан Бриерс, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата.

– Токму на најголемиот собир на кој присуствува културната елита од Европа и светот ќе ја истакнеме нашата успешната приказна. Пред европските делегати уште еднаш ќе потенцираме дека „Охридско лето“ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди. Конференцијата е одлична можност да се престави Фестивалот „Охридско лето“ во најдобро светло но исто така и прилика на првите луѓе на ЕФА да им бидат врачени официјални покани за присуство на претстојното 59-то фестивалско издание- вели Поповиќ.

Според официјалната агенда, од 14 до 17 април се одржува уметничкиот самит на фестивалите, додека за денеска е предвидено официјалното отворање на годинешното 67 Генерално собрание на ЕФА.

ЕФА асоцијацијата вклучува сто фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“од 1994 година е значаен партнер на Асоцијацијата.