„Отело“ премиерно во МНТ во декември

90

По првата премиера одржана на сцената во Босанското народно позориште, Зеница – БиХ, во Македонскиот народен театар (МНТ) на 4 декември, со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна скопската премиера на претставата „Отело“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Нина Николиќ. Овој меѓународен проект е копродукција помеѓу овие два театри и продукцијата „Перипетија“, Скопје, во кој играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед. Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимографка, на сценските движења работеше Димитриос Сотириу. Композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.