Отворен Интерфест во Битола

199

Со концерт на Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев и виолинистката од Казахстан, Ајман Мусакаџајева, синоќа свечено беше отворен фестивалот на класична музика Интерфест Битола.

Љубителите на класичната музика во Битола, кои до последното место ја исполнија салата и уживаа во прекрасната изведба на Македонската филхармонија.

Инаку според организаторите на 27-то издание на Интерфест 2018 до 12 октомври во Битола ќе се одржат 15 концерти на светски познати музичари во класична музика.

М.М.