Отворено „Скопско лето“

63

Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со концертот се одбележуваат 70 години независност на Израел.

Публиката ја поздрави и се обрати израелскиот амбасадор Дан Оријан а фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Од утре, кога на програмата е првата театарска изведба („Крал Ричард Трети“) со гостувањето на „Гавела“ од Загреб во МНТ, „Скопско лето“ ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули.

Во 40-те фестивалски дена најавени се околу 50 настани – театарски претстави, концерти од различни жанрови, програми за деца, десетина изложби со домашни и со ликовни уметници од странство, промоции на книги, а од 12 јули во Сули ан ќе ја има и редовната филмска содржина „Кафе кино“. Фестивалот ќе се одржува на 20-ина локации во главниот град.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерството за култура и од странски културни центри и амбасади.