Осум години „Театар комедија“

116

Националната установа „Театар комедија“ вчера, на Светскиот ден на театарот, 27 март, го заокружи својот осми роденден. Во текот на изминативе осум години во театарот, еден од најпосетуваните во земјава, се поставени вкупно 34 премиери, остварени се голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со голем број награди и признанија.

Оваа година во „Театар комедија“ изостана вообичаената премиера на 27 март, но од институцијата велат дека по нормализирањето на ситуацијава, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ,,животните батерии“ на посетителите со нова енергија и надеж.

Во меѓувреме, театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн-репертоар – на нивниот јутјуб-канал во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави. За Денот на театарот беше резервирана ,,Ах, љубов моја“ (режија: Коле Ангеловски), која е првата одиграна претстава во „Театар комедија“.