Омнибустопија: Уметност во автобус на ЈСП

841
фотографии: Диме Данов

Мултиуметничко патување со автобус на ЈСП низ Скопје, наречено „Омнибустопија“, се случи завчера. Станува збор за настан кој соедини предавање, дискусија, поезија и музика.

Предавање имаше Вангел Ноневски на тема „Скопје 2014: урнисување на културата на средбата во скопскиот јавен простор“, потоа настапија Ана Голејшка Џикова и Ѓоко Здравески од „Астални проекции“, заедно со нивната мрежа на поетеси и поети, а настанот се заокружи со едночасовен џез-концерт на бендот „Светлост“, во состав Нинослав Спировски (саксофон), Дени Омерагиќ (бас) и Кристијан Новковски (тапани).

Организатор на настанот беше Аксиома – Асоцијација за културна соработка и истражување: Владимир Лукаш, Јордан Шишовски и Вангел Ноневски.