Од музичките фестивали, нова одлука само за „Златно славејче“

501

Комисиите за драмска дејност и за визуелни уметности, архитектура и дизајн го завршиле преразгледувањето на одбиените апликации и остануваат на истиот став во однос на распределбата на буџетот за проекти.

Комисијата за музика и фолклор, пак, преразгледала околу сто апликации, меѓу кои и за четири фестивали за кои имало најмногу реакции. Оваа Комисија одлуката ја сменила само за фестивалот „Златно славејче“ признавајќи дека направиле пропуст, бидејќи фестивалот доставил комплетна документација.

Ставот за Скопски џез фестивал, ОФФ фест и Фолклорниот фестивал „Пеце Атанасовски“ останува непроменет затоа што, како што беше соопштено денеска на прес-конференција, освен пријава тие не доставиле документација за план за активности, за учесници или за локација за нивните настани.

Од министерот за култура ќе чекаат одлука дали за овие фестивали ќе им биде даден дополнителен рок да ги достават потребните документи.