Одбележан „Денот на поезијата“ во Кичево

422

„Денот на поезијата“ денес во Кичево беше одбележан со поетско читање, што се одржа во градската библиотека „Кочо Рацин“. На „Денот на поезијата“ свои творби читаа повеќето членови на литературниот клуб „Китка“ од Кичево.

Пред присутните се претставија Наташа Наумоска, Мира Илијоска, Оливера Ширгоска, Лидија Аврамоска, Алексо Тришоски, Емин Мамудоски и многу други. Присутните во храмот на книгата со големо внимание го проследија поетското читање и бројната посета беше најдобра потврда дека пишаниот збор има се повеќе приврзаници во овој град.

-Денот на поезијата што е востановен пред точно две децении, има за цел да ги афирмира различните светски јазици, особено загрозените, преку промовирање на поетското творештво. Денес поетите од целиот свет организираат слични поетски читања, на кои и се дава вистинска димензија на улогата на поезијата во општеството и образованието на младите- истакна познатиот кичевски поет и хуманист, Емин Мамудоски.

Инаку Светскиот ден на поезијата е востановен во 1999 година од страна на УНЕСКО и истиот годинава го одбележа дваесетгодишниот јубилеј.

З.А.