Објавено делото „Природата на Бог“

60

Во издание на издавачката куќа „Слово“ објавено е делото „Природата на Бог“ од Тихана Обрадовиќ Чингарова, која ѝ припаѓа на младата генерација македонски филозофи. Книгата се занимава со филозофијата на Ван Скот Ериугена, ирски средновековен филозоф, новоплатоничар и поет, чие дело досега беше малку познато во нашата средина. Ериугена, како што докажува авторката Тихана Обрадовиќ Чингарова, дава уникатно филозофско објаснување за панентеистичкото и дијалектичко функционирање на Бог и природата. Во филозофскиот систем на Ериугена се сплотени неоплатонизмот и христијанството, но сепак, тој дава своја оригинална, мистична, сеопфатна онтологија и гносеологија.