Објавени имињата на највлијателните уметници во 2019 г.

102

Годинашните кандидати за „Тарнер“ нудат дела што поставуваат предизвикувачки и проблематични прашања, а критиката се надева дека тие ќе ја спасат наградата од „сите оние здодевни уметници што не наложуваат да размислуваме премногу“, како што напиша британски „Гардијан“

Изложбата на кандидатите за најпрестижните награди за современа уметност, „Тарнер“, ќе биде отворена во галеријата „Тарнер контемпорари“ во Маргејт, Кент, во периодот од 28 септември до 12 јануари 2020 година, а победникот ќе биде објавен на 3 декември, на церемонијата на доделувањето на наградите во живо на Би-би-си. Листата од номинирани за наградата е објавена неодамна, и таа покажува дека наградата бележела и послаби години од оваа во минатото. Оваа година, сите уметници во трката за наградата се помлади од 50 години.

Еден од нив, Лоренс Абу Хамдан, го користи звукот не само како медиум туку и како истражувачко средство. Тој зборува за „колективната акустична несвест“ во релација на тоа колку тешко може да се опише нашето доживување на звуците, без разлика дали станува збор за удар, затворање на врата, пукотници или перцепцијата на просторот што ја има затвореник со покриена глава со вреќа, која единствено може да ја добие преку задушениот звук. Софистираниот пристап на Хамдан се заснова на вербата во капацитетот на уметноста како средство за пренесување вистина. Тој се интересира за објектите и за креативната дисциплина на уметникот, произведува звуци за на филм, исто како што се интересира и за сведочењето и за нашето вознемирено толкување на слушниот свет. Како и во сликарството, Абу Хамдан разбира дека описот и анализата самите се еден вид толкување.

Театарските претстави и инсталации на Таи Шани, пак, се честопати бизарни и еротски продукции на еден вид скулптури под влијание на надреализмот, преклопени со слоеви на декларативен текст. Полемиката и феминизам, научна фантастика и секс, сѐ има во нив. Клучна тема е како се губиме себеси во актите на слушање и гледање, губење и повторно наоѓање на нишката.

За Хелен Камок, гласот, сведочењето и сеќавањето се уреди за преиспитување на историјата, без разлика дали станува збор за „Крвава недела“ во Селма, Алабама, карипската трговија со шеќер или гласовите на Франц Фанон и Енох Пауел. Повеќеслојна и влијателна, понекогаш ранлива, смешна и полна со патос, работата на Камок директно ѝ зборува на публиката, без оглед колку и да се сложени проблемите.
Во уметноста на Оскар Мурило, зборовите се закопани и откопани во неговите слики. Едно од делата за кое е номиниран е снимка од патувањето на неговиот татко од неговата родна Колумбија во Велика Британија. Работата на Мурило има многу маски. Неговата можеби прегреана рана кариера, по шоуто во галеријата на Јужен Лондон во 2013 година, не многу по неговото напуштање на Кралскиот колеџ за уметност, не го спречи да се развива во неколку насоки одеднаш. Од номинираните, тој е нешто најблиску до сликар, иако за него сликањето е општествена практика исто онолку колку што е и студиски врзана. Неговата уметност носи товар од метафори и слики, кои ги одразуваат личната историја и приказната за заминувања и пристигнувања, номадизам и егзил.

Годинашните кандидати за „Тарнер“ нудат дела што поставуваат предизвикувачки и проблематични прашања, а критиката се надева дека тие ќе ја спасат наградата од „сите оние здодевни уметници што не наложуваат да размислуваме премногу“, како што напиша британски „Гардијан“.