Објавена „Потпалувачи“ од ирската писателка Јан Карсон

45

Издaвачката куќа „Паблишер“ ја објави книгата „Потпалувачи“ од познатата ирска писателка Јан Карсон, во рамките на новата едиција „Приказни што нè обединуваат“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, а во превод на Ацо Пероски.
„Потпалувачи“ е приказна за двајца татковци од Белфаст во време на големи социјални немири. Додека градот е во пламен, а властите ја губат контролата, Џонатан и Семи се соочуваат со своите лични демони. Растргнати меѓу одлуките што треба да ги донесат за своите деца, кога нивните патишта ќе се вкрстат, двајцата татковци пред себе го имаат истото прашање: кого ќе изберат да заштитат? Дали ќе победи љубовта кон децата? Поттикнувачка и возбудливо оригинална, оваа приказна за суровата семејна љубов и жртвувањето е преполна со магија. За овој роман авторката ја добива Европската награда за литература.
Јан Карсон е писателка и учителка по убави уметности од Белфаст. Нејзиниот прв роман „Малком Оринџ исчезнува“ бил издаден од „Либерти прес“ во 2014 година и добил одлични критики. Потоа ги издала збирката раскази „Деца на децата“ во 2016 година и збирката куси-куси раскази „Приказни од разгледница“ (2017). Во 2015 година била номинирана за наградата „Шон Офејлен“ за најдобар расказ, а ја освоила наградата на „Харперс базар“ за најдобар расказ во 2016 година