Објавена збирка раскази од конкурсот „Бибер“

113

Кратките раскази избрани на третиот конкурс под наслов „Бибер“, деновиве беа објавени во збирка. На конкурсот, кој беше распишан лани во јануари, пристигнаа 464 раскази на албански, македонски, босански, хрватски, црногорски и на српски јазик, а жирито го сочинуваа: Румена Бужаровска, Лејла Каламујиќ и Шкељзен Малиќи.

Првата награда ја доби расказот „Глава“ од Моника Херцег, втората, „Лито“ од Анте Сториќ, а третата награда е доделена за расказот „Со мачета ќе те, со мачета ќе ме“, од Тамара Ковачевиќ. Во збирката има и раскази од авторите: Абид Јариќ, Африм Демири, Аида Шечиќ Незиревиќ, Анета Петрушевска, Беса Калаја, Бојан Тодоровиќ, Бојана Бабиќ, Димитрије Буквиќ, Драгана Ранѓеловиќ, Ернад Осмиќ, Габријел Делиќ, Гордана Стојаноска, Имер Топаница, Исидора Петровиќ, Луиза Бухарова, Мања Величковска, Марио Мерџан, Милана Гајовиќ, Никола Петровиќ, Слаѓана Нина Перковиќ, Стефан Славковиќ и Тихана Гамбиража. Планирани се три промоции на збирката „Бибер 03“, во градовите Шибеник, Приедор и Призрен.