Објавена „Аналекти“ на Конфуциј

225

Во издание на издавачкиот центар „Три“, деновиве излезе од печат книгата „Аналекти“ на прочуениот кинески филозоф Конфуциј. „Аналекти“ е едно од највлијателните дела на сите времиња. Збирката изреки на Конфуциј се собрани и уредени од страна на неговите ученици набргу по неговата смрт, во 497 година пр. н.е. Тие го одразуваат степенот до кој Конфуциј го воспоставил, но и го претставувал моралниот идеал за сите луѓе. Целта на „Аналекти“ е да овозможи усовршување на личниот карактер, преку истрајната потрага по моралните одлики, какви што се добродетелта, мудроста, храброста. Резултатот не е надомест во овој или во следниот живот – следењето на патот мора самото себеси да си биде награда.

Сѐ уште еднакво релевантни како што биле и пред повеќе од две илјади години, овие учења го претставуваат моралниот кодекс што доблеста ја вреднува повеќе од сѐ и ги изразуваат темелните вредности на конфуцијанската традиција.