Ноќна романса за Кочо Рацин во Скопје

332

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе бидат одбележани два јубилеја на поетот Кочо Рацин: 110 години од раѓањето и 75 години од неговата смрт.

– Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност на изложба да ги видат сите зачувани картички што Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите, во изведба на актерот Дамјан Цветановски – најавуваат од библиотеката.

Музички перформанс вечерта ќе изведе Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда“), а ќе биде прикажан и документарниот филм „Бели мугри“. Оригиналните картички на Рацин за изложбата се позајмени од Архивот на МАНУ, а копијата на филмот „Бели мугри“ од Кинотеката на Македонија.