„Нокаут“ се победници на „Макфест 2020“!

788

Синоќа во Штип заврши 35-то јубилејно издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2020“. Победник е групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“, на авторите Никола Перевски и Огнен и Филип Неделковски, за која доби парична награда од 5 000 евра, втората награда и 3 000 евра ги доби Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“ и трета награда ја доби песната „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски за кои доби 1 000 евра.

За „Нокаут“ ова е прва награда во 24 годишната кариера.

– По 24 години конечно нешто да освоиме. Драго ми е што публиката, но и членовите на жирито го почувствува анашиот квалитет. Најважно е за мене да ја почуствувам песната, да се пренесе енергијата кај публиката и драго ми е што го добивме ова признание и тоа на роденденскиот „Макфест“ – рече Пере од „Нокаут“, по добивањето на наградата.

Најдобар сценски настап имаше Виктор Апостоловски за песната „Срца камени“, дебитант „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ ја доби младата пејачка Полина за песната „Се се врти во круг“ а наградата за најдобра аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“ ја доби Иле Спасев за песната „За нас“.

Годинава не беше доделњнанаградата за најдобра вокална интерпретација заради пандемијата и неможноста пејачите да пејат во живо.

Додека гласаше стручното жири проследивме шоу прграма на Игор Џамбазов, кој го придружуваа на гитара Игор Атанасоски Харе и Александар Таушанов. Инаку, тој е поранешен победник на „Макфест“ со песната „Време за плачење“.

Што се однесува за почитувањето на здравствените протоколи фестивалот беше беспрекорно организиран. Волонтерите на ОО Црвен Крст постојано беа меѓу публиката и ги предупредуваа присутните на држење дистанца и задолжително носење на заштитни маски. Во контекст на ова, организаторот со поддршка на спонзори обезбеди дезинфекциони средства и заштитни маски за публиката.

– Штип покажа дека знае и може да организира јубилеен фестивал и во услови на светската пандемија. „Макфест“ останува еден од најголемите музички настани со многу важна музичка продукција – изјави заменик градоначалникот Јане Миланов.

Организациониот одбор, искусен со децении, предводен од техничкиот ракпводотел Кирил Панајотов, стори се што може, да обезбеди следење на фестивалот согласно сите стандарди и норми, но и да овозможи непречено одвивање на сите активности на сцената како и зад неа, во бекстејџот.

Годинашниов 35-ти роденден на „Макфест“ се оддржа на градскиот плоштад Слобода, под отворено небо, како резултат на светската пандемија, но и интересна промена која внесе свежина токму на големиот јубилеј. На првата ревијална вечер, осуммина изведувачи потсетија на некои од најголемите хитови на фестивалот низ годините, а ги придружуваше Биг-бенд под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.