Нова поетска книга „Долините на душата” од Кире Неделковски

498

Издавачката кука „Панили” од Скопје ја објави новата поетска книга „Долините на душата“ од поетот Кире Неделковски. Во педесестина песни поетот го дополнува својот духовен дневник со новите сознанија и размисли за животот и минливоста. Неговата поетска аура е полна со будна лирика која војува со времето и се прилагодува со новите потреби на светов.

Кире Неделковски си има еден свој чист свет со чисти „долини” од поезија во кои ги собира сите луѓе да живеат мирно и креативно. Во седум циклуси поетот како духовен номад патува со своите размисли и ги бележи инспиративните мигови од Охрид, Струга, Вевчани, Велестово и други места низ кои поминал.

Љубипитниот поет проверува многу размисли за светов во кој живееме, проверува многу промени кои брзо го менуваат животот. Духовниот дневник е полн и со натприродни размисли за животот и времето кое ги голта годините. Војувањето со времето е војување со неименливото и со обидот да се опстојува некаде во невидливата иднина или во безмерноста на духот. Оваа медитативна поезија ги обновува секавањата за Прличев, Конески, Живко Чинго и други автори за кои Кире Неделковски размислува и пишува свои согледувања.

Цврстата тематска целина која духовно опстојува во „Долините на душата” е дополнета со обемниот поговор од професор д-р Даниела Андоновска – Трајковска и насловната корица на слика од академик Васко Ташковски.

Кире Неделковски има објавено дваесетина поетски книги и неколку избори во „Матица”. Учествуваше на сите поетски фестивали во Македонија, а застапуван е во повеке избори и антологии.