Нова поетска книга ,,Езерска” од Ристо Лазаров

34

Во издание на ВИГ ,,Зеница” од печат излезе најновата поетска книга на македонскиот поет Ристо Лазаров ,,Езерска”.

Книгата содржи педесетина песни, а во поговорот на Наташа Аврамовска се наведува дека ,,најновата поетска книга на Ристо Лазаров ,,Езерска”, се огласува со болскотот на мигот,, оној што овде-онде се препелка во лелеавоста на хоризонтот на езерската шир под навевот на ветерецот на денот. Ова е несомнено возбудлива поетска книга чијашто игривост и алузивност во хармонија со лиричноста и симболичноста на пеењето ни открива мноштво нови погледи на градот што на сите ни е свој и најсвој – продолжува Аврамовска, подвлекувајќи дека притоа книгата игриво ни го пренесува и нашиот отслик во мрешкањето на неговите води – сосе свежината на навевот на отворениот хоризонт и неговата многуликост.