Нова книга од Ристо Лазаров

160

„Тесен пат кон далечниот север“ е насловот на новата поема од Ристо Лазаров што излезе од печат деновиве во издание на „Везилка 2011“. Оваа поема, компонирана во седум пеења, го носи истиот наслов на драмата на Едвард Бонд играна во МНТ во 1972 година во режија на Владимир Милчин, како и на романот на Ричард Фланган, добитник на Букеровата награда во 2014 година. Во обемниот поговор кон оваа поема, писателот и есеист Томислав Османли подвлекува дека „Тесен пат кон далечниот север“ е творба што тргнува и трогнува, и стежнува не поради фантазмагорискиот материјал чии слики и чувствувања јакнат во текот на стихуваната темна хроника без одредиште. Импресивни се, продолжува Османли, токму метафизичките слики што авторот ги создава во својата нова творба и кои се рамни на големите мајстори на фантазмагориската уметност, сликарска и литературна.