„Небеска тема“ – документарец за животот на Влада Дивљан во МКЦ

118

Од денеска до 22 ноември во МКЦ (кино „Фросина“) ќе се одржат три филмски проекции на филмот „Небеска тема“.

Станува збор за документарец за животот и делото на Влада Дивљан, најпознат како фронтмен на српскиот и ексјугословенски рок бенд „Идоли“, еден од рок-бендовите што го започнаа југословенскиот нов бран на културната сцена во поранешна Југославија во 1980-тите.

Секоја проекција почнува во 20 часот, а билетите изнесуваат 100 денари.