Научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ во Битола

44

Македонско научно друштво – Битола во соработка со НУ Центар за култура – Битола, среда, на 29 јули организираат стручно-научен собир на тема „Академски такт за фолклорот и етнологијата“.

Повод за организација на собирот се одбележувањето на двата големи јубилеи, 60 години од формирањето на МНД-Битола и 50 години од одржувањето на првото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На претстојниот стручно-научен собир ќе биде промовирано посебно издание на стручно-научното списание „Прилози“ со 18 трудови чии автори се: проф. д-р Владимир Јаневски, проф. д-р Марјан Танушевски, проф. д-р Борис Ангелков, проф. д-р Менде Солунчевски, д-р Лили Бошевска, м-р Валентин Соклевски, м-р Благојче Трајковски, Вера Стојчевска Антиќ, Славе Николовски Катин, Христијан Николовски, Љупка Стефановска, Тијана Јаневска, Бојан Петковски, Дени Синадиновски, Александар Стефановски, Александар Тодоровски, Анета Стојчевска, Силвестер Проле и Елизабета
Јончиќ.

Инаку, првиот научен собир на тема „Фолклорот и етнологијата на Битола и Битолско“ се одржа во 1980 година, а го организираа ДНУ-Битола, УНК „Илинденски денови“ и Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ.

По цели 40 години пауза, на 29 јули, тој повторно ќе се одржи.

Проектот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година. М.М.