Наградата за критика за Славчо Димитров

155

Здружението на ликовни критичари „АИКА-Македонија“ му ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2018 година од областа на ликовната критика на Славчо Димитров за неговиот истражувачки предлог-проект „Ан-архични тела: естетското, корпореалниот материјализам, афектите и политичкото“. Во комисијата беа: Тихомир Топузовски (теоретичар на културата и уметник), Христина Иваноска (ликовна уметница) и Мира Гаќина (историчарка на уметноста и кураторка). Наградата има цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.
Проектот на Димитров предвидува анализа на комплексноста на политичкото и естетското, дефинирано преку телесноста.