Музика од Моцарт во Македонската филхармонија

585

Македонската филхармонија вечер повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика.

Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски и од солистите Ким Лилијан – Стребел – сопран од Швајцарија, Мартин Ванберг – тенор од Шведска, Николина Јаневска – мецо-сопран и Владимир Саздовски – бас.

На концертот се уште две импресивни дела, „Моц-арт ала Хајдн“ од Алфред Шнитке, на кое како солисти ќе се претстават виолинистите Владимир Костов и Владимир Крстев, како и Масонска погребна музика од Моцарт.