Музејот на градот Скопје со изложба во Истанбул

76

Утревечер, во 19 часот, Музејот на градот Скопје ќе се претстави во културниот центар „ИББ Али Емири Ефенди“ во Истанбул, Турција со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ од авторите Драгица Живкова и Игор Кузманоски, и Климе Коробар, како нејзин комесар. Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија, а сега се во сопственост на музејот.

Примарен мотив на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ е негата на културните врски и корелации помеѓу Македонците и Турците, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата.
Изложбата финансиски е поддржана од градот Скопје, а се реализира и во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција.

На нејзиното отворање ќе биде присутен и министерот за култура, Асаф Адеми, а планиран е и концертен настап на „Дуо Скупи“. Изложбата ќе биде отворена до 19 декември.