МРТВ со „Буре барут“ почнува емитување на циклус театарски претстави

193

Почнувајќи од денес, 13.4.2020 во 23.40 часот, МРТВ на првиот канал ќе започне со емитување на циклус од театарски претстави. Прва од низата ќе биде претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски, а во продукција на Драмски театар.

Претставата премиерно е одиграна на 21.4.2016 по повод 70 годишнината од постоењето на Драмски театар Скопје.

Автор на музиката е нашиот композитор Венко Серафимов, а улогуте ги толкуваат: Лазе Манасков (Анѓеле), Иван Петрушевски (Димитрија), Гоце Тодоровски (Свето), Ѓокица Лукаревски (Благоја, подоцна Човекот), Благица Димитровска (Аце), Јовица Михајловски (Симон), Александра Павлова (Ана), Игор Стојчевски (Андреа), Виолета Шапковска (Жената), Емилија Мицевска (Светле), Симон Мансковски (Шоферот, па Полицаецот, па Џими и Коста), Сашо Тасевски (Ѓорѓи), Благој Чоревски (Гела), Александар Степанулески (Борис), Рубенс Муратовски (Топук), Димитрија Доксевски (Кирил), Филип Трајковиќ (Мане), Јана Стојановска (Евдокија). 

За редоследот на следните претстави ќе следува дополнително известување.