МОБ потпиша меморандум за соработка со Националната опера и балет од Тирана

921

Македонската опера и балет и Националната опера и балет од Тирана денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој е договорена меѓусебна поддршка, заедничка продукција и размена на искуства.

Документот е потпишан во  Скопје на работната средба на  в.д. директорот на МОБ Ќазим Асотиќ со директорката на Националната опера и балет од Тирана  Зана Чела и уметничкиот директор Абигаела Воштина.

– Со потпишаниот документ ќе ја зацврстиме нашата улога на културен центар на Балканот кој успешно соработува со сите сродни куќи од соседството. Македонската опера и балет и Тиранската национална опера и балет веќе од септември ќе почнат со размена на уметници по што се очекува да се направат и договори за поголеми копродукциски проекти, информира МОБ.