МНТ со „Ничија земја“ на фестивал во Благоевград

776

Македонскиот народен театар утре со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов ќе настапи на 6. Меѓународен театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа” во Благоевград, Бугарија.

Оваа година во фокусот на фестивалот се младите автори и експерименталната младинска програма и ќе бидат прикажани претстави со класични и современи текстови.

– „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е да им помогне и да им даде можност за докажување на младита театарски уметници да ја покажат храброста и да експериментираат на независната сцена. Неговиот тим се стреми да ги покаже најдобрите режисерски имиња – соопшти МНТ.

Следното гостување на МНТ со „Ничија земја“ е на 8 јуни во Прилеп, на отворањето на 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во претставата учествуваат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Марија Кондовска, Томе Станковски и Никола Стефанов.