МНТ и Театар Комедија ги откажаа претставите

99

Македонскиот народен театар и Театар Комедија ги откажаа претставите до 6 март, по препораката на Владата да се откажат сите јавни собири до 6 март поради коронавирусот.

– Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6. март, НУ Македонски народен театар ги одлага закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар, МНТ дополнително ќе ја информира јавноста – соопшти МНТ.

Со исто соопштение се огласи и Театар Комедија.

– Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6 март, НУ Театар Комедија ги одложува закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар и дополнителните термини за откажаните претстави, Театар Комедија дополнително ќе ја информира јавноста – соопшти Театар Комедија.