Меѓународниот фолклорен фестивал во Кичево нема да се одржи

100

Поради пандемијата со ковид-19, годинава нема да се одржи тринаесетиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Д-р Владимир Полежиноски“, кој традиционално се одржуваше во текот на летото и на кој во досегашните дванаесет изданија зедоа учество над 80 ансамбли од земјава и од речиси сите континенти.

– На наше големо разочарување како и на разочарување на љубителите на убавиот фолклор од градот, тринаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Д-р Владимир Полежиноски“, поради пандемијата со ковид-19 нема да се одржи, иако подготовките за фестивалот веќе беа започнати,одредени термините за негово одржување, а беа познати и дел од друштвата што требаше да земат учество на годинешното издание. Дури како алтернатива имавме резервна варијанта, да се помести неговото одржување во некој нареден термин, но и тоа не беше возможно, бидејќи секојдневно во пораст е бројот на заболени од ковид-19 во земјава. Исто така, поради затворање на границите не беше возможно да пристигнат учесниците од странство и сите тие проблеми беа причина фестивалот и официјално годинава да не се одржи – истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево, кој посочи дека треба да се очекува догодина состојбите во земјава и светот да се нормализираат, а тоа ќе овозможи да продолжи да живее овој се поафирмиран фолклорен фестивал и надвор од нашите граници. З.А.