„Меморабилиа“ на Балаќ дел од биеналето во Фиренца

34

Македонската уметница Тања Балаќ со својот награден експериментален филм „Меморабилиа“ учествува на Интернационалното биенале на современа уметност и дизајн, кое во Фиренца, Италија се одржува од 18 до 27 октомври. „Арс ет Ингениум – кон Леонардовото наследство на сличности и пронајдоци“, е темата на ова, 12-то издание на престижното биенале, со кое се одбележуваат 500 години од смртта на Леонардо да Винчи.

„Меморабилиа“ е добитник на наградата за најдобро експериментално дело во 2019 година од „Вест Вирџинија маунтениер фестивал“, фестивалот за краток филм во САД, а досега беше прикажан и во Јужна Кореја.