Медени креации на нашите уметници

52

Нашиот најуспешен филмски продукт, документарниот филм „Медена земја“, особено по добивањето на двете номинации за „оскар“, ги инспирира македонските визуелни уметници да создадат цртежи и илустрации со мотиви од филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Меѓу нив се и делата на Васил Шемко, Бане Кома, Зоран Кардула, Теано Кардула, Николина Огненовска, Милчо Велјановски, Стефанија Бетоска, Андреј Павлов…

Ристо Аврамовски ја сподели својата визија на филмот со цртеж што го направил веднаш откако го гледал филмот