Матера и Пловдив се европски престолнини на културата за 2019-та

177

Натпреварот меѓу европските градови годинава беше еден од најтешките досега, со 21 натпреварувач, број што ја претставува големата популарност на настанот.

Европските престолнини на културата се целогодишен настан што го слави културниот диверзитет во Европа. Секоја година се избира нов град во Европа што ќе ја носи титулата европска престолнина на културата, а оваа иницијатива претставува можност да се открие културното богатство на континентот. Овој целогодишен настан е внимателно дизајниран од експерти и локалното население, па, така, настанот претставува платформа за регионална креативност.

Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на Стариот Континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата што траат цела календарска година. За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската Унија.

Европската престолнина на културата претставува еден од најважните културни настани во Европа. Градовите се избираат врз основа на културни програми што треба да имаат европска димензија, да ја вклучуваат јавноста, да бидат атрактивни на европско ниво и да бидат вклопени во долготрајниот развој на градот.

Во 2019 година престолнини на европската култура се италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, а во 2021 титулата треба да ја делат три града – романски Темишвар, грчки Елефсина и српски Нови Сад. Натпреварот годинава беше еден од најтешките досега, со 21 натпреварувач, број што ја претставува големата популарност на настанот.

Матера
Матера е град лоциран во регионот на Базиликата во јужна Италија, познат како подземен град, поради големиот број куќи изградени од сив камен, изделкани во камен, наредени една врз друга со ровови што претставуваат улици. Голем број пештери се трансформирани во модерни хотели и ресторани, но, и покрај тоа, сѐ уште можете да истражувате ненаселени делови на работ на градот.

Откако УНЕСКО ги прогласи историскиот центар „Саси“ и паркот на Рупестарските цркви за светско наследство во 1993 година, бројот на посетители драстично порасна. Матера е еден од најстарите континуирано населени градови во светот, кој датира од палеолитскиот период и останува како спектакуларна визија од минатото.

Матера е место во кое може да се изгубите, па „Трипадвајзор“ препорачува да ги посетите: историскиот центар „Сиси ди Матера“, античките руини на „Крипта дел Пекато ориџинале“ и музејот „Каса ноха“.

Во состав на иницијативата за европска престолнина на културата во 2019-та, од Матера може да се очекува да има одлична достапност од Бари преку системот од патишта и железница, како и јавен превоз на секој час помеѓу двата града. Се очекуваат најмалку 8.000 оператори и уметници од Европа да се вклучат во иницијативата, да се одвојат 30 милион евра за конструкција на настанот, а исто така се очекува библиотеките, театрите, кината, концертните сали и гастрономските активности да бидат активни преку целата година.

За прославување на почетокот на годината, која води кон статусот престолнина на културата, населението ќе учествува во целогодишен уметнички проект што ќе понуди можност за локалното население и посетителите заедно да конструираат џиновска сцена изградена од картонски кутии, повикувајќи на годишната традиција на креирање трибјут на светецот на градот.

Пловдив
Близнакот-град, Пловдив е исто така еден од најстарите континуирано населени европски градови. Улици од калдрма повикуваат на богата историја, оригинално тракиска населба, подоцна римски град, па византиски, пред да прерасне во дел од Отоманската Империја, за на крајот да стане дел од Бугарија, Пловдив е крстосница на стари култури.

Оригинално распространет на седум рида, исто како и Рим, стариот Пловдив комбинира милениумски стари руини со палати од 19 век и светски познат ноќен живот. Вториот по големина бугарски град, по Софија, е еден од најубавите градови во Источна Европа.