Македонски уметници дел од голема светска изложба во Ле Авр

54
Во 2020 г., оваа акција ќе заврши со голема изложба во Ле Авр

Во францускиот град Ле Авр во „Театре дел хотел виле“ е отворена групна изложба на која учествуваат младите македонски автори: Александра Ацеска, Ангел Миов и Ана Ивановска, заедно со нормандските автори, Доминик Дуро, Кристиан Тангре и креаторот и организаторот на проектот, Ив Ле Солдие

Изборот да се поканат македонски уметници е резултат на желбата да се отвори прозорец за овој европски регион, за кој не е дадена голема медиумска покриеност во Франција, вели креаторот и организаторот на проектот, Ив Ле Солдие за поставката, која ќе трае до 3 декември

Во францускиот град Ле Авр во „Театре дел хотел виле“ е отворена групна изложба на која учествуваат младите македонски автори: Александра Ацеска, Ангел Миов и Ана Ивановска, заедно со нормандските автори, Доминик Дуро, Кристиан Тангре и креаторот и организаторот на проектот, Ив Ле Солдие.

– Овој проект има амбиција да ги постави условите за размена меѓу нормански уметници и уметници од други земји, преку реализирање состаноци и групни изложби во Ле Авр и во нивниот роден град. По пет години, во 2020 г., оваа акција ќе заврши со голема изложба во Ле Авр, која ќе собере уметници од единаесетте земји што учествуваат во проектот. Изборот да се поканат македонски уметници е резултат на желбата да се отвори прозорец за овој европски регион, за кој не е дадена голема медиумска покриеност во Франција – пишува Солдие за поставката, која ќе трае до 3 декември.

На изложбата акцент е ставен на констатацијата дека надвор од настаните на уметничкиот пазар, уметничкото творештво е динамично и разновидно во сите европски и други региони. Денешната уметност, како и во минатото, во суштина е состојба на уметниците што чувствуваат потреба да ја изразат својата врска со светот во кој живеат. Независно од нивниот став за културата, природата и општеството, сите тие имаат цел да создаваат дела што се стремат да ги споделат со реципиентите.

– Денес, кога врската меѓу луѓето е неопходност, преземањето иницијатива за собирање уметници што живеат во различни земји на една изложба, е ефикасен начин да се изрази оваа конвергенција на човековите чувствителности – вели организаторот на проектот.

Досега се реализирани изложби на уметници од Германија, Мароко, Чешка, Кореја, Молдавија и Македонија, а во план за 2019 година се изложби со уметници од Данска, Обединетото Кралство, Словачка и Србија. За возврат, поканетите уметници ја преземаат одговорноста за организација на изложба во нивната држава. Во 2020 година, пак, планирано е во Скопје, македонските уметници што беа дел од проектот, да организираат изложба на која ќе се претстават пред македонската јавност заедно со тројцата уметници од Ле Авр. Овој проект ќе заврши во 2020 година кога ќе се организира голема групна изложба во Ле Авр, која ќе ги собере единаесетте земји што ќе учествуваат во овој проект.

Градот Ле Авр и некои француски институти ја разбраа важноста на овој проект и одлучија да го поддржат. Проектот исто така е поддржан од Францускиот институт во Скопје.