Македонски писатели на Саемот на книгата во Истанбул

103

Македонските писатели: Славица Гаџова Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски, ќе се претстават со свои изданија на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, кој започнува утре. Организатор на претставувањето е издавачката куќа „Восток“, а за таа намена веќе е изработен каталог со извадоци од нивни прозни и поетски дела преведени на турски јазик. Саемот во Истанбул се смета за еден од водечките светски саеми за книга со посетеност од над еден милион луѓе.