Македонија најпребарувана на Гугл за „оскарите“

126

 Македонија е најпребарувана локација на „Гугл“ поврзана со доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи в недела, 9 февруари во Лос Анџелес.

„Галуп трендс“ на Твитер објави дека Македонија, татковината на „Медена земја“ кој е номиниран до две категории за „оскар“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Ова е првпат во историјата македонски филм да биде номиниран во две категории за „оскар“.

Што се однесува додругите најпребарувани зборови и категории за „оскарите“, состојбата е следна – од номинираните филмови за главната награда најгуглан е јужнокорејскиот „Паразит“. Од номинираните во категориите најдобар актер и актерка најпребарувани се Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо.

Најпребарувано прашање поврзано со Оскарите е „Кога се оскарите?“, а второ е „За што има добиено Коби Брајант оскар?“.